Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во гостување на ТВ Алсат рече дека ситуацијата со укинувањето на притворот на Сашо Мијалков е последица на 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, која во судскиот систем инсталирала кадри за да судат по нивна нарачка.
„Сашо Мијалков придонесе заедно со поранешните и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, да се воспостави систем на една заробена држава, на режим каде што се поставуваа во судството 11 години судии по нивни терк, коишто ќе судат така како што ќе кажат тие, избрани од тефтерчињата на поранешната министерка за внатрешни работи, судии коишто беа нарекувани ‘Сваровски’ и секако судии блиски и до Сашо Мијалков“, рече Кузеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.