Најодговорно да ги почитуваме мерките за лична заштита, само заедно ќе го победиме коронавирусот, велат од СДСМ, од каде додаваат дека сега е најважно, секој од нас, без исклучок, постојано и доследно да ги почитува мерките за заштита на здравјето.

Сега влегуваме во клучниот период од борбата против коронавирусот.

Ако сега се посветиме сите, преку строго преземање лична заштита, ќе успееме бројот на новозаболени да го сведеме на минимум.

Ако тоа не го сториме, ни претстои долга и тешка борба со вирусот и закана по нашето здравје, нашата економија, нашето секојдневние, се вели во соопштението од СДСМ.

Вирусот е тука, додаваат, опасен е, иако е јасно е дека многу мал број граѓани имаат симптоми од него.

Но, тука нема правила, секој од нас е под потенцијален здравствен ризик.

Затоа, оваа битка можеме да ја добиеме само ако сите без оправдувања ги почитуваме мерките воведени од здравствените експерти и епидемиолозите.

Сите да носиме маски, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме. Да го штитиме нашето здравје а со тоа ќе го заштитиме и јавното здравје.

Убедени сме дека ќе успееме, заедно ќе го совладаме невидливиот непријател, се вели во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.