Тоа е,кога ти е таква кармата.
После толку многу битки кои сум ги имал во животот, пак почнувам од почеток.
Господ ме создал со една голема мана, да бидам непослушен, да мислам со своја глава, оти си милувам да си бидам слободен, а не нечиј партиски или друг послушник.
И се можете да ми одземете,само слободата на умот не.
Некои велат со гла ѕид не се уриват,а јас велам со слободоумна глава светот се менува.
И што мислите, ако не беа слободоумни граѓаните на Дебрца, што ќе беше денеска Дебрца ? Ќе беше нечиј ѓубралник.
И што велите сега,се исплати слободоумноста!?
И по толку години борба пак во ушите како камбана ми одѕвонуваат зборовите на Никола Младенов:
“Ние сакаме да изградиме општество на слободоумни граѓани,а тие сакаат збирштина од безрбетници.
Тука нема компромис.”, пишува на Фејсбук Зоран Ногачески.
Актуелниот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, не доби поддршка од својата партија – СДСМ, но за само 15 минути ги собра потребните потписи за својата независна кандидатура за градоначалник и за независната советничка листа, иако граѓаните на оваа општина беа принудени за свој потпис да доаѓаат во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.