Во ситуација кога постои законско решение кое може да ја реши новонастанатата ситуација да се оди на избори по секоа цена е само алчност и ништо друго. Некрофилните политики на СДСМ, кои по цена на животи на луѓето не се откажуваат од предвремени избори за градоначалници на Штип и Пласница ги отфрлија ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците, Алтрнатива, Глас за Македонија и нејверојатно Единствена Македонија. Овие партии се откажаа од учество на изборите за градоначалници со седуммесечем мандат поради катастрофалните бројки на заболени и умерни од коронавирусот. Извесно е ако СДСМ и ДУИ не се вразумат, противкандидат да им биде само здравиот разум и никој друг.
Во овие моменти кога дневно имаме по повеќе од илјада зарезени и дваестина починати единствено на што треба да се мисли е здравјето на луѓето, а не на гласање.
Тоа јасно го посочија ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Глас за Македонија, а се приклучија и другите партии.
Од Алијансата на Албанците имаат исправен став дека мандатот на актутелниот в.д. градоначалник треба да се продолжи за уште нецела година до редовните избори а парите за организирање на изборите да се потрошат за лекови.
Нелогично е дека, во време на пандемија, кога се соочуваме со висок ризик за јавното здравје за седуммесечен мандат да организираме избори во две општини. Ние како коалиција сметаме дека не е разумно да се прават непотребни трошоци во време на криза и ништо конкретно не би се постигнало. Ние како коалиција, поддржуваме и сме поддржувачи на идејата дека во овие две општини треба да бидат назначени вршители на должност до редовните избори кои се веќе многу блиску, рече генералниот секретар на Алијансата за Албанците АрбенТаравари во име на коалицијата на АА и Алтернатива.
Ова не е првпат СДСМ да инсистира на избори во време кога се бројат мртви и заразени и кога сме лидери во регионот и Европа.
Истиот став Заев и СДСМ го имаа и за парламентраните избори. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ бараше тие да се одложат но СДСМ инсистираше да се одржат среде лето иако и тогаш имаше рекородно број заразени, а граѓаните се плашеа да излезат на гласање.
ВМРО-ДПМНЕ исто така смета дека треба да се одложат, се до обезбедување на пристојни и нормални услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.