По гостувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Што не е јасно“ на Тв Алфа, со ракција на неговите изнесени ставови се огласија од СДСМ.
Од СДСМ велат дека Мицкоски од почетокот на ковид кризата бил на прогрешната страна.
Од партијата додаваат дека Мицкоски нема основно чувство за државен интерес.
Христијан Мицкоски од почетокот на кризата со коронавирусот па се до денеска е на погрешната страна, на спротивната страна од интересите на граѓаните. Заради неговото незрело, неодговорно и несериозно однесување Мицкоски доживеа серија порази од граѓаните. Продолжувањето на деструкција покажува дека Мицковски нема чувство за државен интерес, за интерес на граѓаните. Неговите деструкции беа поразени и тоа ќе се случува и понатаму. Неговите деструкции се негови порази – се вели во соопштението на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.