Шефот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски речиси една недела молчи за скандалот со неговиот близок соработник дезинформаторот Антонијо Милошоски, кој според јавно достапни документи бил осудуван и казнет во Германија за кражба, злоупотреба и измама. Мицкоски повторно нема став, не се произнесе, како и за многу други прашања каде е јавно повикан – велат од СДСМ.
Тие додааат:
Антонијо Милошоски за овој скандал и срамен однос кон граѓаните и државата треба да поднесе оставка и да се извини.
Особено што против него и пред домашните судови се води предмет каде се сомничи дека сторил измама и злоупотреба на службената положба и овластувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.