Христијан Мицкоски останува заглавен во режимската матрица која сака државата да ја врати во изолација, поделби и неизвесност, скарана со соседите и со демократскиот свет, велат од СДСМ.

Никој од него не очекува ништо поинаку, тој не знае и не сака да работи за интересите на граѓаните.

Политичарот без став Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ насекаде лобираат да не започнеме проговори за членство во ЕУ и на секој начин ги поткопуваат државните интереси.

Мицкоски знае само да блокира, да кочи и останува против сите успеси на државата, против интересите на граѓаните – се наведува во соопштението на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.