СДСМ обвини дека Христијан Мицкоски уште еднаш покажал дека ниту самиот не верува во неговата понуда за кандидати за градоначалници.

-Очигледно е дека Мицкоски има проблем да најде кандидати за градоначалници, затоа што знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е извесен губитник на локалните избори. Класичен блеф е ставот на Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз не само во Скопје туку и низ целата држава. Истовремено, лажна е грижата на Мицкоски за јавното здравје, кога тој прв ги прекршуваше мерките и поддржува протести на кои се загрозува јавното здравје и се навредуваат здравствените работници.Сето тоа се докази за неодговорното однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ – велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.