Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во гостување на ТВ21 изјави дека партијата ќе се обиде да го врати градоначалникот на Куманово, Максим Димитревски, во своите редови.

СДСМ ќе влезе во постапка во која ќе извлече поуки, ќе донесе многу одлуки. Затоа што во партијата има и луѓе кои не се партиски членови, а се ставени во позиции да носат одлуки за граѓаните. СДСМ ќе направи се преку сите процеси и промени и верувам дека овој предизвик пред кој се наоѓаме ќе го решаваме сите заедно и дека обединети, со многу промени и детектирани слабости, ќе биде партија која ќе биде целосно подготвена за следните предизвици – изјави Николовски.

Инаку, Димитриевски откако не ја доби поддршката од партијата за втор мандат за градоначалник на Куманово, се кандидираше како независен кандидат и победи на изборите. Тој во повеќе наврати се спротивстави на политките на власта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.