И во Град Скопје и низ целата држава, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз – се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ.

Во безидејното и празно соопштение, напишано со матрица како многу други кои секојдневно ги пласираат во јавноста, од СДСМ велат дека Христијан Мицкоски ниту самиот не верува во неговата понуда за кандидати за градоначалници.

Тој и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем да најдат кандидати за градоначалници, затоа што сите знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е извесен губитник на локалните избори.

И во Град Скопје, и низ целата држава, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз затоа што освен лажни вести, деструкции и блокади ништо друго и не нудат.

Граѓаните ги препознаваат деструктивните политики на Мицкоски, тој е осамен во својот простотилак кој јавно го обелодени на социјалните мрежи и затоа му следува уште еден пораз.

На претстојните локални избори граѓаните повторно ќе ги победат деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе им испорачаат нов пораз, седми по ред – се наведува во соопштението на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.