СДСМ синоќа ги распиша првите внатрепартиски избори за избор на претседател на партијата кои ќе се одржат на 21 март 2021 година.

Од владеачката партија известуваат дека на 19-та седница на Централниот одбор синоќа биле утврдени критериумите за кандидатите за претседател на СДСМ, начинот и постапката за кандидирање.

Избрана е и петчлена Централна изборна комисија, а следува формирање на изборни комисии во сите 80 општини каде што СДСМ има општински организации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.