На вечерниот состанок на партиските тела на СДСМ одлучено е да се прифати оставката на лидерот Зоран Заев. Централниот одбор на СДСМ на неколку часовна средба ја констатираше поднесената оставка на претседателот Зоран Заев. Портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска рече дека од утре почнува да тече рокот од седум дена да се пријават кандидатите за претседател кои исполнуваат услови според статутот на партијата. Било одлучено изборите да се одржат на 12 декември.

По изборите ќе се избере и новото раководство на партијата во која Заев, како што рече Кузевска, ќе остане активен член. Таа не даде конкретен одговор на прашањето дали Заев на седницата го предложил актуелниот заменик министер за финансии Димитар Ковачевски за негов наследни.

„Конкретно станува збор за коментар за квалитет на човек, профил на човек кој може да носи државнички одлуки и ја поддржува европската иднина на земјата“, рече Кузевска која нагласи дека лидерот ќе го изберат активните членови на партијата на непосредни избори.

Таа кажа и дека Заев информирал дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека во моментов има 61 пратеник без да прецизира кои, а централниот одбор одлучил дека има простор за вклучување и на Алтернатива во мнозинството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.