Пред да Ви ги доловам Девствениве Проститутки од новинарството инаку другари и другарки на СДСМ морам вака да почнам, ја започнува својата колумна за „Нетпрес“ медиумскиот експерт Виктор Грозданов.
Какво време дојде, Марјан Забрчанец од позиција на национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата (драпај си мео функција), ни кажува приказни дека немало привелигирани медиуми, ниту пак нарачани вести. Всушност откако е он национален координатор за него лично сликата во медиумите е подобрена. Така вели во НЕнарачаното интервју во Локално, медиум во кој владее гласната критика и натпревар на мислења, идеи и аргументи. Откако го прочитав можам само да заклучам дека дечково природно не е во можност да ја разбира суштината на онаа позната: „Дечко не ми вреѓај интелегенција“.
Но, која е главната девиза на медиумот на кој дава интервју големиов координатор на Владата за комуникација: Нема сиво, тоа е манипулација. Има црно и бело, лага и вистина. Одлично. Дали е вистина дека токму на овој медиум газда беше Драган Антоновски кој е сега директор на владината информативна агенција МИА? Дали истиот го продаде овој медиум на Влатко Кошевалиски, кој е пак момче на Ивана Хаџиевска (безобразните ја викаат сестра на браќа Далтони, неможела една боја да препознае, а не пак знаме да удене) која е или беше протокол мајстор на Зоран Заев? И дали истава г-ѓа е ќерка на Јулијана Хаџиевска од секторот за урбанизам во Општина Центар, инаку главна за соработка со Дрим Билдинг за барање локација на државно земјиште во Општина Карпош, посебно во делот на проектот за Старски Дом.
Тамам работа дека Јулијана Хаџиевска била во Грција да се распрашува за Меѓународен Сојуз, туку да се пофали заедно со сопругот дека има нови заби, нели? Најверојатно е дека ја има интересирано следниов допис од нејзиниот другар од Дрим Билдинг, нели другарке Хаџиевска?
И сега вака драги читатели пишувам и го гледам малиов ми син од 16 месеци и го прашувам: А гугугуггу мало бебе, што мислиш ти убав на тато, овој Марјан Забрчанец е гЛупчо или гВупчо?
За разлика од дечково што е стратешки елементарно необразован за медиуми, опозицијата мора да го завземе следниов став во 3 (три) почетни точки по однос на медиумската клима:
Првите две точки мора да се однесуваат исклучиво на сите радио станици и регионални и локални ТВ станици. Има место и за интернет медиумите, но само под правила исти како и за радиодифузерите. Нема место за национални ТВ куќи поради финансиски баланс.
- Веднаш да се поддржи предлогот на Горан Гаврилов за Фонд за Медиуми. Предлогот датира од 2007 година. Со напомена да се однесува на програмски проекти и за вработувања на високообразовни личности од областа на медиумите.
- Дозволено е рекламирање со сервисни информации на локалната самоуправа и нејзините претпријатија, како и државни претпријатија кои тргуваат со граѓаните. Пример: ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор.
Третата точка важи за сите медиуми без исклучок
- По предлог на Питер Ван Хауте сите медиуми на 01 април во тековната година имаат можност да платат само 5% ДДВ, а разликата да ја вратат назад во медиумот. Делот од средствата се распределуваат на следниов начин: 20% за сите вработени во медиумот рамномерна идентична награда, 20% за нови вработувања итн. Образложение: според 2019 година вработените во СИТЕЛ ќе поделат според првиот принцип по 1.614 Евра, како награда.
Но, еве што несмее да заборави опозицијата под ниеден услов. Мора длабоко во себе да знае како функционираат односите СДСМ и Девствените Проститутки од новинарството. Кај овие вториве имате колективен пристап и индивидуален.
Целата колумна на „Нетпрес“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.