Почитувани битолчанки и битолчани, драги мои сограѓани, денес, на почеток од изборната кампања, сум исправен пред вас, со сиот свој кредибилитет, желба и порив, заедно со носителот на советничката листа и кандидатите за советници, подготвени, да го понудиме најдоброто за нашата Битола, и во кадровска и во програмска смисла, порача кандидатот за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ Христо Кондовски, кој јавно вети и се обврза на целосно ослободување на севкупниот општински потенцијал преку изработка на нов Генерален урбанистички план, како услов за економски развој и просперитет на Битола.
Кондовски ги претстави неговите топ 10 проекти предвидени за развојот на Битола доколку победи на локалните избори:
– Пробивање на ПОДЗЕМНА СООБРАЌАЈНИЦА кај хотел „Епинал“ и изградба на ПОДЗЕМНА ГАРАЖА!
– Битола ќе стане ВЕЛОГРАД преку изградба на ВЕЛОСИПЕДСКА МРЕЖА која ги поврзува сите големи улици протегајќи се кон Ниже Поле и Националниот парк Пелистер.
– Ќе извршиме модернизација и реконструкција на трите ГРАДСКИ СООБРАЌАЈНИ ВЛЕЗОВИ според сите безбедносни стандарди.
– Ќе направиме реконструкција и изградба на локалната ИНДУСТРИСКА АРТЕРИЈА која ги опфаќа ул. „Индустриска“ и ул. „Индустриски пат“.
– Ќе изградиме МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН СПОРТСКИ ЦЕНТАР во кој се предвидени фудбалско, кошаркарско и тениско игралиште, затворен базен и аква парк, како и хотелски комплекс!
– Ветувам формирање на ТЕХНОЛОШКИ ПАРК кој ќе овозможи младите да ги реализираат своите бизнис идеи преку финансиска, кадровска и административна поддршка.
– Проектот ЗЕЛЕНА БИТОЛА опфаќа развивање на зелените површини на ТУМБЕ КАФЕ, зголемување на зелените градски површини за 30% и изградба на нови детски паркови.
– СУБВЕНЦИИ за енергетски ефикасни фасади, велосипеди, плински уреди за возила, како и за набавка на хибридни или електрични возила.
– ГАСИФИКАЦИЈА и ТОПЛИФИКАЦИЈА со кои ќе бидат опфатени првите индустриски капацитети и 35 јавни објекти.
– Локалниот СКИ ЦЕНТАР НИЖЕ ПОЛЕ ќе добие современа опрема за заснежување и правење на вештачки снег, а ќе се заменат и трите СКИ ЛИФТОВИ со нови!
-ЗООЛОШКА ГРАДИНА ќе добие просторно проширување, зголемување на животинскиот фонд за 20%, активен истражувачки центар, работилници и ветеринарна амбуланта.
Кондовски најави дека со овие, но и со многу други проекти, мерки и решенија заедно со носителот на советничката листа и кандидатите за советници ќе го посетат секој дом и ќе разговараат со секого од граѓаните, барајќи ја нивната доверба за – НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА БИТОЛА!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.