Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат развој и унапредување на инфраструктурата, се вели во соопштението од СДСМ.
Како никогаш досега, се гради низ целата држава, се градат нови, а истовремено се обновуваат старите патишта кои со децении беа заборавени. Со досега изградените и обновени преку 500 километри патишта во вредност од околу 540 милиони евра, Владата предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестици во инфраструктурата. Како дел од позначајните проекти во инфраструктурата е автопатот Миладиновци – Штип кој беше наследен од ВМРО-ДПМНЕ со бројни грешки и недостатоци во изградбата. Граѓаните денес имаат автопат безбеден за соообраќај. Наместо парите на граѓаните да се трошат на барок и споменици како во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, 400 милиони беа инвестирани во рехабилитација и реконструкција на преку 80 магистрални и регионални патишта, велат од партијата.
Од СДСМ додаваат дека инвестициите во патиштата не запираат, туку напротив, започнува инвестициски циклус од над 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура.
Во тек е изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој беше затекнат со низа пропусти и недовршен, а започна и изградбата на 4 експресни патишта во вредност од преку 170 километри и тоa: Градско-Дреново, Штип-Радовиш, Штип- Кочани, Ранковце – Крива Паланка. Започната е постапката за изградба на автопат од Скопје до Блаце како и од Гостивар до Кичево, инвестиции кои ќе надминат неколку стотици милиони евра. Интензивно се работи и на регабилитација, изградба и реконструкција на преку 350 километри на околу 40 регионални патишта. Во завршна фаза е обезбедувањето на 70 милиони евра преку Светска банка наменети за изградба и рехабилитација на локални патишта, со што ќе се подобри патната инфраструктура во општините. Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат изградба на нови патишта, модернизацијата на патната мрежа и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, се вели во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.