Од април оваа година, со истекот на мандатот на Киро Здравев, Судскиот совет понатаму нема да може да го раководи член кој е избран од редот на судиите, и кои се мнозинство во Судскиот совет, туку некој од петте члена, политички кадри избрани од Собранието, пишува „Сведок“

Оваа најгруба партизација на Советот е вметната во законот од мај 2019 година, кога Министерството за правда го водеа партиските „реформатори“ во судството од редовите на СДС, Рената Тренеска Дескоска и Оливер Ристоски. Министерката сега е само професорка на факултет, а заменикот пред неколку дена стана член на ДИК.

Извори од работните групи кои работеле на законот, за „Сведок“ тврдат дека ова решение било уфрлено криминално кога фазата била целосно завршена, а законот од Министерството за правда праќан до Собрание.  Затоа, целата вина за класичната партизација на Судскиот совет им ја префрлаат на кадрите на СДС, Рената Дескоска и Оливер Ристоски.

Повеќе на „Сведок



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.