Очигледно СДСМ има вишок време и идеи само за соопштенија, а никако да најдат време за да одговарат на повик на дуел.
Во исчекување на 4то соопштение за денес, да ве потсетам… Вие го оправдавте крвавиот четврток со амнестирање на портирите на злото – одговори Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат, откако СДСМ ја прозва дека не се изјаснува за случајот 27 април.

СДСМ преку соопштение вчера потенцираа:

Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска не е чесна пред граѓаните – молчи за обидите за убиство на 27-ми април. Од една страна Силјановска дава евтини политички изјави а не кажа ниту збор против насилствата, не кажа ништо за обидите за линч, за организаторите на овие крвави настани, за нападот на демократијата. Гордана Силјановска воошто не се срами што е поддржана од политичката структура која има крвави раце.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.