ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ја политизира трагедијата и да ја злоупотребува несреќата на семејствата на починатите во тетовската модуларна болница во дневно политички цели, велат од СДСМ.
Сите надлежни институции покажаа капацитет, стручност и подготвеност да спроведат ефикасна и темелна истрага за откривање на причините кои го предизвикаа пожарот во Тетово.
Наместо да ги остави институциите да работат независно и професионално, ВМРО-ДПМНЕ се уште се обидува да профитира врз оваа несреќа.
Тоа само зборува дека на неодговорната, антинародна партија предводена од Христијан Мицкоски осен политичкиот рејтинг ништо друго не и е битно
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.