Левица ја иинфрмира јавноста дека власта врши притисоци и деградирање на луѓето кои се поистоветуваат со оваа партија. На денешната прес-конференција Амар Мециновиќ соопшти дека „мафијашката-владејачка гарнитура“, ги мобилизирани се сите средства за нечесно останување на власт откако нејзината судбина беше ставена под знак прашалник.
Имено, мајката на наша кандидатка за советничка во Град Скопје, која од 2001 година во Фондот за здравствено осигурување работи како деловен секретар со статус на јавен службеник, со последната наредба потпишана од двата директори на Фондот – СТЕВО КРСТЕВСКИ и ФАТОН АХМЕТИ таа се задолжува на работно место кое се предвидува за службеници со средно образование. Со оваа наредба, таа се деградира – и тоа, бидејќи нејзината ќерка на Фејсбук споделила статус на претседателот на Левица – Димитар Апасиев.
СДСМ и Левица се влезени во обратнопропорционален политички однос и растот на Левица директно влијае на иднината на социјалдемократскиот сојуз – затоа, тие свесно водат немилосрдна битка која не бира средства, знаејќи дека исходот кој сите нас нѐ чека е конечна промена на рамнотежата во левиот политички блок, обвини Мециновиќ.
Како работничка партија – Левица уште повеќе добива елан кога номинално левата СДСМ својот бес го истура токму по работничката класа – која непогрешно ќе покаже меѓусебна солидарност кон овие нечесни напади врз поединци.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.