Во пресрет на изборите, СДСМ ќе води одговорна кампања како што ѝ доликува на државотворна и зрела партија, велат од партијата.
Сите активности на партијата во следниот период ќе бидат исклучително организирани и спроведени почитувајќи ги мерките за заштита. СДСМ докажа дека знае и умее да делува во интерес на граѓаните. СДСМ ги откажува митинзите, големите собири и сите потенцијално ризични настани и преку поинакви активности ќе ја испрати својата порака, но и ќе го заштити здравјето на своите активисти, членови и на сите граѓани, се вели во партиското соопштение.
Од партијата наведуват дека секој од нас мора доследно да ги почитува задолженијата и забраните.
Таму кадешто мерките се почитуваат, вирусот е поразен. Овој удар на епидемијата ќе го победиме сите заедно, единствено доколку се држиме до мерките и никако поинаку. Секој еден грѓанин може да придонесе за запирање на ширењето на коронавирусот. Секој еден е важен и сечие однесување прави промена, велат од СДСМ.
Здравствените власти кои повеќе од четири месеци вложуваат натчовечки напори да го спасат сечиј живот и да им го вратат доброто здравје на пациентите, велат од СДСМ, немаат други механизми доколку ние не им помагаме со одговорно однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.