Поради деновите на жалост по пожарот во модуларната Ковид болница во Тетово во која животот го загубија 14 лица, СДСМ ги одложува сите планирани активности поврзани со локалните избори, информираат од партијата.
Портпаролката на партијата Богданка Кузеска за МИА рече дека активностите за промоција на кандидати, Маалските средби и средбите Врата на врата ќе бидат одложени до недела.

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава. Како што соопшти владината прес-служба, за денови на жалост се прогласени денеска, утре и задутре (четврток, петок и сабота). Од Владата апелирааа до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.