СДСМ ги изненади зимата и ги оставија студентските домови без греење, откако се донираше нафта, се пофалија со донацијата.

Единствениот студентски дом во Скопје кој се грее на екстралесно гориво, „Кузман Јосифовски – Питу“, деновиве немаше греење и топла вода. Студентите кои престојуваат во државниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје живеат без основни услови за зимскиот период. Оттаму се пожалија дека почнувајќи од 4-ти јануари тие немаат топла вода и греење.

Неколку студенти сакаме јавно да се пожалиме дека во студентскиот дом Кузман Јосифоски Питу веќе со денови нема топла вода и парно. Температурите надвор се секој ден се пониски а ние остануваме без основните услови за живот. Откако се пожаливме кај управничката добивме два различни одговори – прво дека имало дефект а откако продолживме да инсистираме дека ситуација не е во ред, добивме друг одговор дека проблемот бил во тоа што се менувал директорот. Заклучокот на управничката беше дека „деновиве“ ќе има парно и топла вода. Деновиве – додека ние седиме во ладни соби и не можеме да си обавиме хигиена на овие ладни температури а тие од управата си одат дома на топло“, објасни студентка за РСЕ која престојува таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.