Бесрамно денеска  Кластер СДСМ праќа соопштение со потценување на интелигенцијата на граѓаните. Неспособните ширачи на вирусот заради што половина партија им е во изолација, велат „Заеднички ќе го совладаме коронавирусот”. Нејасно е дали се обраќа само на своите сопартијци?, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

СДСМ си го оправдува (неуспешниот) карантин на Скопје, па вели „Рестриктивните мерки се неопходни за да се обезбеди брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот”.

Понатаму агитпропот на #КластерСДСМ го оправдува неуспешниот полициски час. Велат „најважно е да ги почитуваме мерките и да се заштитиме” што е целосно спротивно од она што го прави.

#КластеротСДСМ смета дека вака ќе ги излаже граѓаните за кои смета дека не разбрале дека новите карантини и полициски часови се заради нивните изборни поткупливи активности, но и активности за следење на опозицијата, вели Стоилковски.

Затоа во карантин и виросани им се од потпретседател до портпаролка, од директори на разузнавање, финансиско разузнавање, УЈП, потсетува тој.

Како за нив да не важи, и не важи, напишаното „Вирусот Ковид 19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба”.

Замислете, велат „Имавме одлични резултати, здравствениот систем е подготвен, неопходно ни е единство и дисциплина за да успееме”.

Какво нескриено лицемерие!
Каков излив на несамокритичност и самобендисаност.
„Слушај ме што зборам, не гледај што правам”!

И тоа е причината зошто избега половина Скопје. Тоа е причината зошто има опасност од ширење на вирусот низ државата. Но, #КластерСДСМ не смее никого да го посочува за несовесност, освен во своите „високи” редови.

Само продолжете си со нарачани отворања на предмети, казни, следења, поткупи и обвинувања.
Ќе ви се врати по глава, како и “вториот пик на првиот бран”!, порача Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.