СДСМ е на прав пат за во опозиција. Македонија не смее да продолжи да тоне со Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ е опцијата која може да ја носи Македонија напред. Неспоредливи се кадровските капацитети на тимот на Заев со тимот на Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Советник на Заев за енергетика е Митко Андреев, човек со кого местеа тендери, а на Мицкоски Сања Божиновска, докторант на Харвард. Неспоредливо е да се компарираат Миле Зечевиќ со професорите Александар Климовски или Лазар Јовевски. Не можат да се споредат Тања Чочарова со Гордана Силјановска Давкова, велат од најголемата опозициска партија.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ како стручни соработници на Мицкоски има луѓе со кредибилитет, професионално докажани, СДСМ како советници на Заев има нереализирани ликови, од кои голем дел се со сомнително минато.

Македонија има потреба од луѓе кои ќе работат за државата, а не за сопствениот џеб, како што е сега со Зоран Заев на власт. Македонија има потреба од професионалци, кои си ја знаат работата и кои ќе го направат потребното за обнова на Македонија. Граѓаните се погласно бараат промени. СДСМ мора да си замине. Потребни се предвремени избори час поскоро, велат од ВМРО ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.