Демократската унија за интеграција мора да престане да го партизира здравството. Наместо да организираат протести подобро е овие 15 дена до изборите да ги искористат да направат 4-годишен план за реформа и демократизација на својата партија. Четири години во опозиција се доволно време за реформа на една партија.

Ова се вели во реакцијата на СДСМ до ДУИ, по денешните протести поради разрешувањето од директорската функција во Центарот за јавно здравје на Арбен Зибери, внук на кандидатот за премиер Насер Зибери.

ДУИ треба да сфати дека довербата кај граѓаните се гради низ годините, а не со евтина национал-популистичка пропаганда во последните 15 дена пред изборите.
Време е и ДУИ и сите останати политички субјекти да се издигнат над партиските интереси.
Здравјето на граѓаните, одржувањето на стабилен здравствен систем, се поважни и повредни од нивната желба за партиско профитерство.
Кој ќе ги предводи институциите во следните четири години одлучуваат исклучиво граѓаните, не одлучува ДУИ, се вели во реакцијата од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.