Рекламирањето на политичките партии на социјалните мрежи за време на предизборната кампања е во „сива зона“, но иако е така, на фејсбук се појавија фотографии на кои јасно се гледаат направените пресметки за тоа колку владејачката СДСМ одвојува на рекламирање на социјалната мрежа.

На дневна основа, СДСМ за реклами на социјалната мрежа Фејсбук плаќа по 27.000 евра.

Дали станува збор дека овие пари се испумпуваат од државната каса или пак се финансирани од личниот капитал на Заев, за кој во една од аудио снимките рече дека е висок 8,5 милиони евра, сума идентична за која тој беше амнестиран, останува непознато.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.