Сведоци сме на демократски и професионално спроведен изборен процес. Нашите институции може да се носат со сите предизвици и да ги заштитат граѓаните. На сите членови на избирачките одбори, на членовите на општинските комисии, на полицијата, на здравствените работници им благодариме. Треба да им се честита на институциите и на државата за успешно спроведениот изборен процес во 2020 година, изјави Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ.

Николовски рече дека ова беше мирен достоинствен и здравствено безбеден изборен ден како што доликува на една демократска држава, членка на НАТО и земја која е во преговорои за членство со ЕУ

„Очекуваме резултатите да ги потврдат анкетите, а тоа е сигурна победа и чист мандат за коалицијата Можеме, очекуваме победа на нашиот концепт, кој води кон развој и европска ориентација“, рече Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.