СДСМ продолжува со купувањето на гласови. Денеска Зоран Заев има митинг во Охрид, каде повторно е забележано кршење на изборниот законик.

Како што предупредува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, пред митингот според сведоштва на граѓани т.н. активисти на СДСМ делат дрва за огрев низ Охрид, иако грејната сезона заврши.

Прашувам кој ги плати овие дрва за огрев во македонски шуми и дали СДСМ го пријави тоа? Дали се свесни дека со ова грубо го кршат изборниот законик? И да им порачам дрва може да купите, но луѓе не можете! И тие на кои им ги носите овие дрва ќе ви се насмевнат, но ќе гласаат против вас! Ќе гласаат против вас затоа што сте ги довеле во мизерна економска ситуација да неможат самите да си купат дрва за огрев, па мора да чекаат на вас да дојдат избори и да ја покажете вашата ,,милост”. Ќе гласаат против вас зашто сте корумпирани! Во недела на 21ви април Македонија и Охрид го возвраќаат ударот! Гневните, заборавените и разочараните ќе го победат Заев!, порача Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.