Македонија бележи најголем раст на смртноста од Ковид-19 во светот во последната недела, според статистиката која ја објави бугарското министерство за здравство.
Нашата земја има пораст на смртните случаи за 111 отсто во периодот од 9 до 15 март, а зад нас е Јордан со пораст од 65,8 проценти.
На рангирањето по број на смртни случаи Македонија е на седмото место со 9,1 починати лица на милион жители во последните недела дена, откако на национално ниво дневно во просек умирале по 19-мина.
Пред Македонија се Словачка со 17,9 починати на милион жители во изминатата седмица, Чешка (16,8), Унгарија (16,2), Бугарија (14,6), Црна Гора (12,7) и БИХ (12,5).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.