Од Социјалдемократската младина на Македонија на сите борци за легализација им го честитаат 20 април, Светскиот ден на канабисот и борбата за негова легализација.

И покрај големиот број на на научни истражувања за позитивните и лековити ефекти од употребата на канабис, легализацијата на канабисот е исклучително бавна, како во светот, така и кај нас.
Законските измени за зголемена употреба на канабисот во медицински цели претставуваат напредок и влијаат на разбивање на предрасудите и менување на свеста кај граѓаните во нашата земја по ова прашање.
Барањата на невладините организации кои работат во оваа област и законските измени што ги подразбираат тие, се вистинскиот чекор потребен за декриминализација на канабисот и негова легализација за индустриска, медицинска и рекреативна употреба, велат од СДММ.

20 април е и денот на основањето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а партијата годинава го има 30-годишниот јубилеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.