Направивте голем напор дури и го сменивте уставното име, но немојте да жалите поради тоа. Тоа беше многу важна работа со која треба да се гордеете и што треба да ја покаже вашата храброст, и што ќе ви овозможи не само да барате преговори и членство, туку и да пристапите кон евроатлантските сојузи и тие два момента ќе бидат многу важни за вашата иднина, изјави денеска во македонското Собрание претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли.

Тој вели дека забелешките за недобивање датум за почеток на преговорите за членство со ЕУ се од малку држави и е убеден дека тие ќе бидат дефинитивно замолкнати.

Ова е одлучувачки чекор што им покажа на европските институции дека сте подготвени за заеднички пат со нас. Тоа е сигнал што треба да го пренесете на јавното мислење и сакам да заблагодарам во оваа сала, до медиумите, бидејќи видов толкава страст како Брисел така и овде во овие два дена, дека не смееме да застанеме и сите да се заложиме. Забелешките што беа кажани од малку држави сигурен сум дека ќе успееме дефинитивно да ги замолкнеме и да ги расчистиме проблемите што се појавија, рече Сасоли.

Сасоли вели и дека се свесни и убедени дека Македонија треба побрзо да го почне и да го заврши процесот на пристапување кон ЕУ.

Се разбира сфаќаме дека и ЕУ треба да го направи својот дел од работата и земјите кои се заинтересирани за влез да продолжат по својот пат. Преговорите ќе бидат момент што само ќе го зајакне процесот на реформи, за кои Македонија има потреба да ги заврши. Утрово ми остави голем впечаток состанокот со политичките партии во Парламентот и сфатив дека во плурализмот на мислењата слушнав едно заедништво, еден заедничко чувство за процесот на преговори да почне. Да слушнам од нив дека Европа е нивната иднина, тоа е позитивен сигнал и да им кажеме дека овој пат повторно ќе продолжи и затоа имаме потреба од вас од вашиот ентузијазам, од вашата желба за слобода и демократија, за учество во создавањето на иднината на ЕУ“, рече тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.