Претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, повика на земјите од Западен Балкан да им се дозволи пристапување кон Европската Унија.

Тој го нарече проширувањето позитивен проект за мир и просперитет.

Проширувањето може да донесе огромни придобивки и за регионот и за Европа како целина и да помогне да се обезбеди стабилен, просперитетен и мирен континент – изјави Сасоли за „Фанке Медиенгруп“ (Funke Mediengruppe).

Според Сасоли, темпото ќе зависи од исполнувањето на пристапните критериуми.

Сè уште треба да се спроведат реформите во секоја од овие земји, но Европската Унија исто така мора да ги исполни своите ветувања и да го признае напредокот – вели Сасоли.

ЕУ веќе води преговори за пристапување во Унијата со Црна Гора и со Србија, Македонија и Албанија се официјални кандидати, додека Босна и Херцеговина и Косово, се сметаат за потенцијални кандидати за преговори, пишува ДПА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.