Ова е точно и на север, и на југ и на исток, и на запад на ЕУ. Како во секој демократски процес, се разбира, мораме да постигнеме одлука со консензус. Имаше минорни противења во овој случај, но верувам дека многу скоро ќе можеме да ја надминеме оваа пречка. Македонија и нејзиниот народ тргна на пат кон многу важни реформи и тоа го сторија затоа што веруваа дека тоа ќе ги отвори вратите за членство. Ние ги вреднуваме овие резултати како крајно позитивни. Ова е вистина и во Европскиот парламент и Европската комисија, но и во огромното мнозинство влади на земјите членки. Имаме заедничка судбина, рече Сасоли. 

Сасоли во интервјуто за МИА посочува дека наредните шест месеци ќе бидат многу важни, како и Самитот во Загреб. 

Мислам дека треба да стигнеме на Самитот во Загреб со консензус од европска страна. Тоа што ќе го стори новата Европската Комисија ќе биде одлучно. Веруваме дека новата Комисија ќе го следи истиот пат како и Комисијата на Јункер, дека ќе продолжи со овие напори и ќе ги трансформира во нешто солидно. Не губиме време и наредните шест месеци нема да бидат изгубени. Ова ќе биде исто така можност да ја истакнеме нашата одлучност. Има само една пауза на еден долг пат, но последниот збор сѐ уште не е кажан. Друга работа која за нас е импресивна е тонот на јавната дебата во Македонија: секако дека луѓето се разочарани, тоа е природно, но има силен сигнал на надеж, ова е многу позитивно и мораме да градиме врз тоа, вели Сасоли. 

Новиот претседател на Европскиот парламент потсетува дека имало серија барања од Македонија и Албанија и додава дека сега мора да им се даде сигнал дека се на прав пат и тие да продолжат со напорите. 

Според Сасоли, Македонија покажала интерес и за други прашања, како на пример евроатлантскиот систем на одбрана, што за него е навистина доказ дека има волја за приближување кон европското семејство. 

Сасоли ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, и ќе се обрати во Парламентот.

На почетокот на посетата, Сасоли ќе ја отвори Европската куќа (Europe House) во просториите на Делегацијата на Европската унија и ќе се придружи на дебатата со амбасадорот Самуел Жбогар и ученици од средни училишта на тема „Визијата на младите за ЕУ“.

Од Делегацијата на ЕУ информираат дека поранешниот ЕУ инфо центар прерасна во европска куќа што ќе функционира како центар за млади и ќе нуди содржини кои се современи, привлечни и иновативни за младите. Јуроп Хаус ќе функционира како платформа која ќе биде отворена за сите млади од сите сфери на животот за да ги поврзува со други лица и можности и да разменат идеи за да развијат потенцијал. На дебатата со претседателот Сасоли ќе учествуваат ученици од Берово, Центар Жупа, Демир Хисар, Кавадарци, Кочани, Скопје, Струга, Струмица, Тетово, Валандово и Виница. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.