Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски на социјалните мрежи објави дека лицето заболено до коронавирус кое денеска беше соопштено дека потекнува од Свети Николе, потекнува од Лозово.

Се известуваат граѓаните на општина Свети Николе дека согласно последните информации за заболени лица од Ковид-19 каде се споменува лице дека е заболено од Свети Николе, Ве информирам дека се работи за лице од општина Лозово за кое е издадено решение за самоизолација.

Со ова, во општина Свети Николе сеуште нема заболени лица од коронавирусот.

И понатаму сугерирам на граѓаните да се придржуваат на мерките и препораките од Владата , Министерството за здравство и Кризниот штаб на општина Свети Николе за превенција и заштита од коронавирусот.

‼️КОВИД -19 ИНФО ‼️

Се известуваат граѓаните на општина Свети Николе дека согласно последните информации за заболени…

Posted by Сашо Велковски – Градоначалник на Општина Свети Николе on Tuesday, May 19, 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.