Во првиот круг на претседателските избори победата на проф.ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА во Општина Гевгелија ги најави промените и прогресот во Македонија ! Раководени од двата основни принципи-правда и праведност,граѓаните на Општина Гевгелија дадоа поддршка на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ,проф.Гордана Силјановска Давкова.
Како се ближи крајот на кампањата,СДСМ повторно ги потценува граѓаните на Општина Гевгелија. Деновиве во Гевгелија се повикуваат луѓе на интервју за работа во јавни институции и приватни правни лица со ветување дека од понеделник ќе одат на работа со цел да го добијат нивниот и гласот на нивните најблиски во недела на 05.05.2019. Во немоќ повторно се манипулира! Истовремено раководителите на некои јавни институции вршат притисок врз вработените да се гласа за Пендаровски, а трети ветуваат дрва за огрев и други незаконски средства.Се користат сите законски и незаконски ресурси што ги овозможува власта. Но,веќе е касно. Граѓаните на општина Гевгелија многупати ги искусија лажните ветувања на СДСМ. Овие последни очајнички обиди да се стигне до глас повеќе на незаконски начин граѓаните на општина Гевгелија ги препознаа.
Во недела на 05.05.2019 СДСМ ќе се соочи со огромен пораз и ќе мора да ја прифати реалноста. ПРАВДАТА ЌЕ ПОБЕДИ, за нас и нашите идни генерации – напиша на Фејсбук, Андон Сарамандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.