Во мојата програма за претстојните локални избори, ќе посветам посебно внимание на создавање подобри услови за живеење на младите од Гевгелија, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов.

Изградба на нова детска градинка во Урбан блок 7 и реконструкција на спортскиот објект ДТВ ,,Партизан” од Гевгелија се приоритети во мојата програма. Со изградбата на нова детска градинка во Урбан блок 7 ќе обезбедиме доволно места за згрижување на најмладите од Гевгелија. Нова детска градинка по сите стандарди, преуредување на внатрешноста и надворешноста за безбедно и содржински исполнето детство на најмладите.

Реконструкцијата на ДТВ ,,Партизан” во Гевгелија со должно внимание и респект кон резултатите и спомените на неколку генерации гевгеличани од неговото работење. Тука се направени првите обиди во гимнастиката, каратето, во кик-боксот, во пинг-понгот и тука се направени првите успеси на спортистите од Гевгелија. Со неговата обнова, ќе се создаде поширок амбиент за дружење и социјализација на најмладите од Гевгелија, вели Сарамандов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.