Кандидатот за градоначалник на Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов, им се заблагодари на граѓаните за огромната поддршка којашто прудонесе за убедливата победа во првиот круг од локалните избори во општината.
Истовремено, Сарамандов ги повика гевгеличани да му дадат поддршка и во вториот круг за да овозможат Гевгелија повторно да биде еден од најперспективните градови во Македонија.
Победивме и покажавме дека Гевгелија сака промени. Јас и мојот тим се обврзуваме да му го вратиме на Гевгелија приматот на најперспективен град во Република Македонија. Затоа ги повикувам моите сограѓани на масовна излезност во вториот круг, само така ќе ја вратиме Гевгелија на вистинскиот пат. Во следните четири години гарантирам многу работа, посветеност, отчетност и реализирање на проекти – порача Сарамандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.