Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Гевгелија, Андон Сарамандов, порача дека поради индолентниот однос на СДСМ и нејзиното владеење, општината одамна го изгубила епитетот на град кој е најразвиен и најевропски во Македонија.
Сарамандов истакна дека скоро ништо не е реализирано од проектите кои СДСМ ги ветувале во 2017 година на локалните избори и затоа Гевгелија како град континуирано стагнира.
Заради индолентниот однос на сегашната политичка власт на СДСМ,општина Гевгелија го изгуби епитетот на најразвиен и најевропски град во Република Македонија. Скоро ништо од проектите ЖИВОТ ЗА СИТЕ од Локалните избори 2017 година не е реализирано за граѓаните на општина Гевгелија. Затоа, денес на изминување на мандатот на градоначалникот Сашо Поцков, евидентно е дека општина Гевгелија стагнира и дека нема развојна компонента – изјави Сарамандов.
Тој потенцира дека Гевгелија со секој ден владеење на СДСМ се претвора во обична паланка на која и недостига културен и економски процут. Сарамандов истакна дека дополнително, благодарение на неработата и лошите политики на СДСМ во Гевгелија младите се повеќе се иселуваат од градот.
Од една надалеку позната урбана средина, изминатите четири години Гевгелија се претвори во најобична паланка во која недостига културен процут и духовно збогатување.
Под палката на СДС за првпат се појави феномен на иселување на младите од Гевгелија, феномен кој што оваа локална власт го преспа. Мои гевгеличани, ова мора да престане, доаѓа денот кога еднаш-засекогаш ќе ја казниме оваа регресивна политика на функционерите на СДСМ од Гевгелија – истакна Сарамандов.
Кандидатот за градоначалник на ВМРО- ДПМНЕпорача дека на Гевгелија и треба нова енергија за нови победи. Сарамандов истакна дека програмата за Гевгелија се базира на четири столба од која првата е стратегија за туризам и искористување на сите туристички потенцијали, под два стратегија за млади и спорт, под три екологија и зелени површини и четвртиот столб добар урбанизам.
Мојата програма за подобра Гевгелија се состои од 4 столба: Стратегија за туризам и искористување на сите туристички потенцијали, затоа што најголем дел од приходите на стопанствениците од Гевгелија зависат од оваа гранка Пандемијата со корона вирус ни покажа дека покрај казинскиот туризам, потребни се и алтернативни решенија за развој на туризмот а со тоа и остварување дополнителни приходи. Имам конкретна визија за нашето природно богатство, планината Кожуф да прерасне во најпосакуваната туристичка дестинација.. Овозможување на услови за развој на бањски туризам затоа што општина Гевгелија е богата со геотермални води Младите и спортот.
Битката за зачувување на младите во својот роден крај е зацртана во моето дејствување и од тоа нема да се откажам. Секој млад човек заслужува да добие шанса да работи и твори во своето родно место, затоа наша обврска е да овозможиме услови за отворање на нови работни места Спортот и спортските клубови имаат долга традиција во општина Гевгелија.
Планирам да го сменам сегашното функционирање на спортските клубови во Гевгелија кои посветуваат премалку внимание на развојот на младите од нашата општина Во исто време најавувам дека ќе го обновам функционирањето на шаховскиот клуб 7 Ноември, Мојата целосна поддршка во наредните 4 години ќе ја имаат атлетскиот клуб и планинарските друштва од Гевгелија кои во последниот период покажаа голем ентузијазам и успеси. екологија и зелени површини со конкретни проекти отворање на времената депонија кај Н.Конско, модерен и урбан рекреативен парк во секое маало Изготвување акционен план за чист амбиетален воздух.
Добар урбанизам,ефективна и стручна работа на одделението за урбанизам е предуслов за побрз развој на нашата општина и е од приоритетно значење за граѓаните на општина Гевгелија, но и за бизнис заедницата – заклучи Сарамандов.
Тој порача дека стои на располагање на граѓаните за идеи за подобра Гевгелија и дека ќе биде искористен потенцијалот на секој граѓанин на Гевгелија во градење на подобра општина.
Стојам на располагање да ги слушнам вашите предлози и решенија, па заедно без политички активизам ги повикувам сите луѓе да се вклучат во градењето на една поубава и подобра Гевгелија. Да го вклучиме целиот интелектуален потенцијал на секој еден човек од Гевгелија. Затоа, барам од сите Вас конкретна поддршка во периодот што претстои пред нас. Ветувам дека ќе дадам се од себе и со напорна работа заеднички и сплотени ќе и го вратиме на Гевгелија приматот на најперспективен град во Република Македонија – заврши Сарамандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.