Еден од најжестоките „шарени револуционери“ Петрит Сарачини, во име на Владата врши Акумулирање, средување и анализа на информации и податоци за изготвување извештај со елаборирање и презентација за координација на медиумски мониторинг.
Тој е еден од 55-те досега за јавноста не познати хонорарци кои се на платен список во Владата на Република Македонија.
За неговиот мониторинг врз медиумите, тој на месечно ниво добива нето надоместок од 42.000 денари.
На ваква или слична хонорарна позиција Владата има ангажирано уште неколку луѓе, но сите добиваат помал хонорар за разлика од Сарачини.
Стефан Ристевски Владата го ангажирала на работното место Медиа мониторинг, анализа на медиумски содржини за изготвување извештај со елаборирање а месечно му исплaќа сума од 33.000 денари додека ист хонорар добиваат и Нико Китани и Горан Младеновски на позициите медиа мониторинг и Анализа на информации и податоци за изготвување извештај со елаборирање и медиумски мониторинг.
Трајче Камчевски пак за работното место Анализа на информации и податоци за изготвување извештај со елаборирање и медиумски мониторинг добива месечен хонорар од 30.000 денари.
Според објавените податоци, јасно е дека Владата формирала паралелно одделение односно сектор, кои ги мониторираат медиумите и нивните објави, а сето тоа платено со народни пари.
Инаку на листата на хонорарци има и други познати и непознати имиња.
Од Владата велат дека листата професионални соработници потврдува дека нема „тајни хонорарци“, туку транспарентно ангажирани стручни лица за извршување задачи за Владата преку кои институциите им служат на граѓаните. Меѓу нив се Ванчо Узунов и Соња Јанковска.
Повеќе на линкот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.