Министерот за здравство Венко Филипче вечерва нагласи дека треба да има санкции за лицата кои на епидемиолошките прашалници даваат погрешни информации.
Апсолутно мислам дека треба да се санкционираат, затоа што е сериозно загрозување на јавното здравје. Недозволиво е да се организира собир, а притоа да не се кажуваат контактите. Со санкционирањето да докажеме дека ова е сериозна работа, дека станува збор за заштита на јавното здравје, со превентивните мерки секој од нас се штити и индивидуално, рече Филипче на вечерашноот гостување на ТВ 21.
Тој вели дека во огромен број случаи граѓаните даваат податоци и во однос на контактите и во однос на тоа каде се случил собирот и на некој начин признаваат дека сепак не се придржувале до препораките и правилата кои преку Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ги носи Владата.
Но има има и голем број граѓани кои не соработуваат. На терен со проблеми се соочуваат епидемиолозите. Прават интервју на заразен, и за контактите кои ги имал заразениот ниту дава точно име и презиме, ниту точен телефонски број ниту пак точна адреса, и на тој начин сме оневозможени да стигнеме до вистинските контакти, оние кои можат да се носители на вирусот и во овој момент ја шират болеста и тоа е сериозен проблем, потенцира Филипче.
Според него, ситуацијата не е хаотична, имаат целосна контрола на бројот на слободни кревети и на бројот на лекари и медицински сестри кои работат со заболените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.