Вкупно 177.875 лица од дијаспората се евидентирани преку апликацијата за самопопишување.

Како што објави Државниот завод за статистика, најмногу самопопишани граѓани има од Швајцарија – 58.067, по што следуваат Германија – 40.400 и Италија – 25.618.

Во САД има попишано 7.484 лица, во Австралија 2.227, а во Канада 1.591 граѓанин.

Според политичкиот договор за одложување на пописот, самопопишувањето на граѓаните од дијаспората ќе продолжи до 30 септември годинава.

Од соседството од Албанија досега самопопишани се 362 лица, Босна и Херцеговина – 530, Бугарија – 408, Грција – 141, Косово – 1.038, Словенија – 3.324, Србија – 678, Хрватска – 1.331 и Црна Гора – 163.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.