Граѓаните никако да се навикнат на новите имиња на институциите кои согласно Преспанскиот договор треба да бидат променети. Но, без проблем, тоа од рака му оди на поранешниот премиер Зоран Заев идејниот творец на потпишувањето на договорот во Псарадес, на грчкиот дел на Преспанското Езеро.
Имено, Заев денеска во објавен твит, националниот радиодифузен сервис, кој речиси за сите граѓани на Република Македонија сè уште е МРТВ го прекрсти во НРТВ.
АВМУ и НРТВ ќе добијат раководства од професионалци, избрани пред цела јавност, за конечно ослободување од режимот. @MickoskiHM и @ilijadimovski веќе нема да го кочат овој процес бидејќи #СДСМ ќе освои големо мнозинство пратеници, со што слободата ќе издоминира врз принудата.
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) June 24, 2020
Заев денеска на првиот ден од изборната кампања, преку објава на „Твитер“, најави професионални раководства на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и националниот радиодифузен сервис, со цел, како што вели, за конечно ослободување од режимот.
Ова не е првпат Заев да инсистира на кратенката НРТВ, иако неа не ја користат ни граѓаните, ни новинарите што работат во неа, па, дури и иако логото на телевизијата сè уште е она старото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.