Само во Македонија може, и само “хибридниот режим” се охрабрува со подзаконски акт, да суспендира закон.
Но тоа ќе биде за кратко, а одговорностите долгорочни!!!
Закон за лични карти постои, нов закон за лични карти има во процедура (до каде е процедурата, каква е во која фаза е, најмалку е битно. Нов закон ке има кога ќе биде изгласан во собрание и потпишан од ПРМ).
Е сега доагаме до прашањата
-Како е можно МВР да продолжи да печати лични карти со новите обрасци кога тоа треба да биде регулирано со закон, а до вчера тврдеа дека нема да може да се издаваат лични карти.
Со тоа владата недвосмислено се става над Собранието кое е единствен законодавен орган во државата.
Намерата да се донесе нов закон за лични карти, за што постпката е блокирана во Собранието не го супспендира спроведувањето на постоечкиот.
Меѓутоа суспензијата на законот со некој подзаконски акт, недвосмислено ке биде кривично дело,за кое некој ќе сноси далекусежни последици.
И тогаш нема да одите со флоскулите “победени се блокадите и слично”, кривично дело е кривично дело а тоа некој ќе го суди!!! – коментира Никола Мицевски, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Ваквата изјава доаѓа откако вчера Владата донесе одлука да издава лични карти со нови обрасци кои сѐ уште не се законски усвоени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.