Директорката на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ Верица Јовановиќ денеска изјави дека од 2.323 тестирани здравствени работници досега вкупно 260 биле позитивни на коронавирусот, 1.082 се негативни, а се очекуваат резултати и за други работници.
Таа ги повика сите со кои имаат било какви симптоми и ги исполнуваат критериумите за тест на коронавирус да се пријават во ковид центрите.

-Клучна мерка е да се тестираат потенцијалните контакти и сите оние кои биле во контакт со ковид позитивните, затоа што така го прекинуваме ланецот на пренос, рече Јовановиќ.
Во Србија веќе се зголемил бројот на тестирани и дека се прават меѓу 1.000 и 1.500 тестови дневно и дека од ден на ден ќе се зголемува бројот на тестираните.
За разлика од Србија, во Македонија со корона се заразени е 57, објавува Радио Слободна Европа на српски јазик. Македонија е на второто место по заразени здравствени работници од земјите од поранешна Југославија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.