Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на Канал 5 на прашањето дали тој е за воведување полициски час, рече дека тој секогаш е за најостри мерки.
Јас како министер секогаш се залагам за најостри мерки. Само со строги мерки може да спречиме ширење. Јас сметам дека е потребно да се ограничи движењето на граѓаните, особено во вечерните часови за да се спречат оние вечерни собирања. На Влада се прават разговори за ова и можно е да се пристапи кон вакви мерки денеска или во наредните денови, рече Чулев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.