Зголемувањето на бројот на позитивните случаи на Ковид-19, ќе претставува предизвик и за учебната година. Со образовните протоколи се трудиме да ја држиме под контрола епидемиолошката состојба, но доколку таа остана каква што е или пак се влоши, тогаш ќе размислиме и за други одлуки – изјави министерката за образование, Мила Царовска.

Но, таа не одговори колку треба да биде епидемиолошката граница, односно колку позитивни случаи на коронавирус треба да има на дневна база, за да се знае дали ќе се затворат или отворат училиштата.

Но, и покрај растот на новозаразени, група родители кои сакаат децата да се вратат на училиште, се заканија со тужба до Уставниот суд. Предизвик за учење од далечина е и ај-ти опремата за учениците и наставниците. Само во училиштето „Петар Здравковски-Пенко“ околу 120 деца образовниот процес го следат од јавниот сервис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.