Се плашам дека понекогаш безбедносните дилеми и закани за тероризам во Македонија, кои ги споменуваат, можат да се употребат за нешто друго – ние да бидеме слушани, прислушкувани, следени, предупреди денеска на минитгот во Бутиел, кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Таа пред бутелчани вети дека доколку стане претседател ќе се опкружи со најголемите умови и познавачи на безбедносната состојба и проблеми.

Само од критика имате корист, а не од луѓе кои ви одобруваат 102 посто сè, па уште и сметаат дека се камшици. Затоа, во соработка со надлежните органи, кои ќе бидат стручни и компетентни, ќе ги детектираме и решаваме проблемите, вети професорката Силјановска Давкова.

Таа ги потсети на пофалбите кои претседателот Ѓорѓе Иванов ги доби од меѓународната заедница за успешното справување со мигрантската криза.

Тоа е доказ дека кога се има стратегија, тим, волја, желба и знаење, тогаш навистина може европски и организирано да се делува, рече Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.