Кога ќе понесете одговорност за циркусот кој го приредивте неделава, го праша Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
И тоа циркус не од оние циркуси за без пари, туку го гледавме најскапиот циркус, токму за тоа што е смислен, организиран, координиран и реализиран токму од оваа мафија која што си има своја држава. И гледавме Спасовски, Маричиќ, Заев како велат дека системот е крив, дека имало слабост, сериозна слабост во системот. Да, точно, сериозно е тоа дека системот не функционира. И затоа ајде да видиме кои се оние главните механизми кои што го водат системот, рече Јанушев.
Јанушев додаде дека токму Маричиќ, Спасовски и Заев го водат системот. И барем поради оваа случка, овој резил треба да си поднесат оставки.
А, на крај од овој циркус да разбереме дека Заев преку закани на семејството на Мијалков го натерал да се врати од бегство. Овој модус операнти е познат само, и само исклучиво на мафијата. И на никој друг. Дали можеби овде ќе има одговорност? Па вака директно би го прашал министерот Спасовски, со кого мислите министре дека се поигрувате? Кого мислите дека правите будала? Нас, опозицијата? Македонскиот народ? Со кого мислите дека се играте, запраша Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.