Досегашниот лидер на ВРМО-ДПМНЕ Христијан Мицковски е едиствениот кој поднел кандидатура за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се бира утре на Конгресот на партијата од страна на 550 делегати во салата Јане Сандански. Од партијата најавуваат кадровско освежување, но новите имиња на јавноста ќе и бидат познати утре по изборот.
„Не , до сега се уште не е пристигната друга кандидатура за претстојниот избор на претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се уште е само кандидатурата на Престедателот Христијан Мицковски, но е отворена и понатаму“, истакна Наум Стоилковски.
Веќе познатата доктрина од 90-тите е надоградена со европски вредности. А вредностите кои ги негуваат се споменуваат и во честитката од Европската народна партија.
„Во честитката се адресираат и најголемите проблеми пред Македонија како што ги нотира во самата честитка и Народната партија корупцијата, владеењето на правото и економската криза во насока кон напредување кон ЕУ“, додава Наум Стоилковски.
Основна цел според нив е да се возобнови надежда кај граѓаните дека може и дома да се живее добро.Секој обид за дискусија на билатерален и мултилатерален план околу идендитетот води според нив кон проблематизирање на македоснката самобитност. Создавање кохезиони врски со сите луѓе во земјава незавсино од политичката, верскаат или етничката определба. Прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше Љубчо Георгиевски од 1990 до 2003 година. Него го наследи Никола Груевски од 2003 до 2017 година, а Христијан Мицкоски од 2017 до денес .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.