Откако во текот на вчерашниот ден беа беа регистрирани нови 1.081 случаи и 15 починати од Ковид-19 од 6.802 тестирања, вкупниот број на на Ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 164.529, а на починати се искачи на 5.589.
По ваквото зголемување на бројот на новодијагнотицирани, бројот на активни случаи во земјава изнесува 7.705.
Во Македонија има три града со повеќе од 1.000 активни случаи. Најмногу активни има во Скопје, каде што се 2.520, по што следуваат Тетово со 1.477 и Гостивар со 1.099. Во Куманово има 497 активни случаи, Кичево – 404, Струмица – 339, Охрид – 213, Струга – 190, Битола – 151, Дебар – 144.
Во другите градови има под 100 активни случаи. Богданци е единствениот град во кој нема позитивен на Ковид-19, а во Крушево, Македонска Каменица и Дојран има само по еден активен случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.